Алегри цврсто гази на земја: Интер и натаму е фаворит за Скудетото

97

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, повтори дека фаворит за титулата во Италија е Интер, иако и неговата екипа е сериозна трка за врвот.

„Тешко беше да се замисли овој пласман, но Интер останува фаворит за титулата. Нивниот тим е создаден да победува, па дури и Жанг (мнозинскиот сопственик на клубот) на божиќната вечера рече дека сакаат втора ѕвезда на нивните дресови“, рече Алегри.

„Мораме да одржуваме рамнотежа и да ги држиме нозете цврсто на земја. Нашиот пат е различен, но јас сум задоволен од растот на моите играчи, речиси ја достигнавме нашата граница. Има уште четири натпревари за комплетирање. Потоа ќе направиме анализа. Целта е да се соберат што повеќе бодови за да се остане на едно од првите четири места кои даваат право за учество во Лигата на шампионите“, изјави Алегри.

ПретходноСтрумица самоуверено го совлада шампионот и го потврди првото место
СледноПретседателот „тепач“ доживотно отстранет од фудбалот, казни има и за Анкарагучу