Александар Јончевски има нов клуб

427

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Јончевски кратко време по разделбата со Кожув најде нов предизвик.

Младиот стратег ќе биде предводник на косовскиот тим на Башкими со кого и официјално договори соработка. Од Јончевски се очекува да донесе подобри времиња во овој тим, бидејќи се наоѓа на шестото место на табелата во тамошниот шампионат.

Косово станува „ветена“ земја за македонските стратези, кои често ротираат во тимовите. Башкими пред извесно време беше претпоследна дестинација на Дарко Радуловиќ, кој од таму дојде во Пелистер.

ПретходноСрпската легенда на клупата на Италија
СледноТен Хаг веќе преговара со друг клуб?