Виктор Вембањама (19), чудесниот дебитант висок 225 сантиметри, со распон на рацете од 240 сантиметри, одигра за Сан Антонио против Лејкерс меч што на никого во најсилната лига досега не му успеало. Иако Леброн не играше за Лејкерс, Спарс секако загубија со 119:122, но не е некоја вест.
Францускиот кошаркар е хитот на вечерта, бидејќи за 32 минути игра постигна 30 поени со 4 тројки, заедно со 13 скока и 6 блокади. Никој во историјата на НБА не успеал да има такви бројки на натпревар до овој настап на Вемби.
Wemby tonight:
30 PTS
13 REB
6 BLK
4 3PThe first player in NBA history to reach those numbers in a game. https://t.co/8K37fvqRJ3
— StatMuse (@statmuse) December 14, 2023
Неговиот подвиг е дотолку поголем затоа што се бореше со џинот под кошевите, Ентони Дејвис кој постигна 37 поени (13/23) со 10 скока и 4 украдени топки. По мечот му се поклони на 11 години помладиот ривал: „Вембањама е еден од оние“, рече Дејвис.