Во Дизелдроф ќе има „афтер парти“: Рекорд кој е вреден да се прослави!

580

Како одминуваат деновите во декември, првиот месец од секоја Нова Година е посветен на ракометот. Токму секој јануари се играат големите натпреварувања, а овој пат во центарот ќе биде Германија, земја домаќин на ЕП 2024 година.

Добро е познато дека Германците одлучија да го урнат рекордот по гледаност на еден ракометен натпревар. Па така првите мечеви во групата во која се наоѓа организаторот и секако македонската репрезентација ќе се одиграат на стадионот во Дизелдроф „Меркур Шпил Арена“.

На трибините ќе има над 50.000 фанови, а по одигрување на двата меча на 10. јануари меѓу Македонија – Франција и Германија – Швајцарија е предвидено да се одржи и забава. Германците сакаат да го прослават рекордот кој ќе биде испишен, па сите оние кои планираат да дојдат во Дизелдорф своето место може да го резервираат на следниот ЛИНК. 

ПретходноНовиот договор на Осимен е увертира за сигурен трансфер!
СледноЃоковиќ со демант за клубот: Лажни вести!