Грчкиот ѕвер постигна 64 поени, па збесна: Сакал да влезе во соблекувалната на Индијана (ВИДЕО)

655

Јанис Адетокумбо одигра уште меч за паметење во НБА-лигата. Грчкиот ѕвер овој пат ги постигна речиси половината поени (64) за Милвоки, кој славеше против Индијана со убедливи 140-126.

Тој го урна клупскиот рекорд на Мајкл Ред во 2006 година. Инаку ова беше и негов најдобар учинок бидејќи претходно постигна 55 поени против Вашингтон во јануари 2023 година.

Гркот погоди 20 од 28 шута од поле, 24 од 32 слободни фрлања и дури додаде 14 скока. Тој стана првиот играч во историјата кој постигнал 20 поени од поле и 20 слободни фрлања, а истовремено шутирал преку 70 проценти од поле. Тој исто така постигна најмногу поени во историјата на лигата со помалку од 30 обиди од поле.

Арон Нејсмит го фаулираше на почетокот на четвртата четвртина, а потоа дојде до тепачка на теренот која заврши со техничка.

Во еден момент дури сакал да истрча кон соблекувалната на Индијана за да ја продолжи борбата, но според тамошните информации неговите соиграчи успеале да го спречат и да го поштедат од поголема санкција.

Резултати:
Детроит – Филаделфија 111-129
Вашингтон – Њу Орлеанс 122-142
Мајами – Шарлот 115-104
Торонто – Атланта 135-128
Хјустон – Мемфис 117-104
Милвоки – Индијана 140-126
Сан Антонио – ЛА Лејкерс 119-122
Феникс – Бруклин 112-116
Јута – Њујорк 117-113

ПретходноНБА го суспендираше највалканиот играч без да го одреди датумот на кам-бек!
СледноУЕФА жестоко ја казни Легија за вандализмот на навивачи во Бирмингем