Изненадување во Вал Гардена: Бенет пред Килде и Одермат

58

Американскиот скијач Брајс Бенет на општо изненадување победи на првиот спуст во новата сезона од Светскиот куп кој денеска се возеше во Вал Гардена, Италија. Бенет, кој стартуваше со реден број 34 славеше со резултат 1:23,80 минути и така стигна до вториот триумф во СК. Првиот го оствари во 2018 година исто така во Вал Гардена.

Американецот за само 0,03 секунди беше побрз од второпласираниот Норвежанец Александер Амот Килде, а за 0,05 секунди од Швајцарецот Марко Одермат.

Водечки во генералниот пласман во СК се Одермат и Австриецот Марко Шварц со по 160 бодови. Зад нив е Мануел Фелкер од Австрија со 124.

Во петок во Вал Гардена е супервелеслаломот, а во сабота уште еден спуст.

Трките во женска конкуренција се сабота и недела во Вал д’Изер, Франција. Во сабота е спуст, а во недела супервелеслалом.

ПретходноСтруга ТЛ, ем најдобра, ем најефикасна во првиот дел од шампионатот
СледноОва се кандидатите за најубав гол за 2023 година (Видео)