Ребека Велч ќе биде првата жена главен судија на натпревар во англиската Премиер лигата.
Ова во соопштение за медиумите го најави самата лига, во кое се наведува дека 40-годишната судијка ќе биде одговорна за судењето на натпреварот меѓу Фулам и Барнли на 23 декември.
Во минатото, Велч судеше натпревари на ЕП и СП за жени, а имаше и места како четврти судија во Премиер лигата.
Премиер лигата објави и дека Сем Алисон ќе го суди натпреварот меѓу Шефилд Јунајтед и Лутон на 26 декември. Со ова 42-годишниот Англичанец станува првиот црномурест судија кој ќе суди меч во Премиерлигата по пауза од цели 15 години.