КЛ: Фенер обезбеди европска пролет, Ференцварош го фати „последниот воз“

115

Турскиот гигнат Фенербахче обезбеди европска пролет. Во последното 6. коло од Конференциската лига, Фенербахче стравуваше дека доколку не победи над Спартак Трнава ќе остане без место во европските купови на пролет, но доминацијата на турскиот тим и победата од 4:0 го потврди спротивното. Во оваа група Фенер заврши прв со 12 бода, колку што има и бугарски Лудогорец, кој во клучниот меч вечерва со 1:0 славеше над Нордсјеланд.

Абердин без Миовски обезбеди јалова победа од 2:0 во последниот меч од групата над Ајнтрахт (Ф). Германците и ПАОК од претходно веќе обезбедија осминафинале. Грците вечерва го потврдија првото место во групата со победата од 4:2 против Хелсинки.

Ференцварош со ремито 1:1 против Фиорентина го фати „последниот воз“ за следната рунда. Овој бод за Унгарците беше доволен тие и „виолетовите“ да одат понатаму, а извиси Генк кој иако победи со 4:0 над Чукарички на крајот остана трет.

Зрински одигра за публик (1:1) против Астон Вила, а и Легија со победата од 2:0 над АЗ Алклар само го потврди пласманот во следната рунда.

ПретходноОдбојкарите домаќини на еден турнир од Европската Златна лига 2024
СледноЛЕ: Баер (Л) максимален, Ливерпул си дозволи „кикс“ во Белгија