ЛЕ: Баер (Л) максимален, Ливерпул си дозволи „кикс“ во Белгија

106

Германски Баер Леверкузен ја потврди доминацијата во Лигата на Европа победувајќи на сите шест меча во групата и убедливо завршувајќи на првото место, откако вечерва со 5:1 славеше над норвешки Молде. Лидерот во Бундеслигата е еден од главните конкуренти за освојување на второто по ранг европско натпреварување.

За разлика од нив, уште еден од главните фаворити за трофејот во Лигата на Европа, Ливерпул, загуби на гостувањето кај белгиски Унион Ст. Жилои си 2:1. Клоп мечот го почна практично со вториот тим и тешко беше да се очекува доминација на „црвените“. Тулуз во оваа група славеше на гости кај ЛАСК и со еден бод помалку заврши втор зад Ливерпул.

Сигурна победа извојува Рома со 3-0 над Шериф Т., но Славија Прага славеше со 4:0 против Сервет и убедливо го освои првото место во групата.

Највозбудливо беше во Франција, каде Рен и Виљареал имаа директен дуел за првото место во групата. Гостите на крајот славеа со 2:3 и успеаја да останат први.

ПретходноКЛ: Фенер обезбеди европска пролет, Ференцварош го фати „последниот воз“
СледноЦ. Звезда и Партизан запишаа нови победи во Евролигата