ЛЕ: Бетис загуби дома и не успеа да се пласира во нокаут-фазата

131

Во Лигата на Европа во последната рунда вечерва, најнеизвесно беше во групата „Ц“, каде Бетис требаше да одигра барем нерешено против Ренџерс за пласман во следната рунда, но Шпанците дозволија да загубат дома со 2:3 и да ги завршат настапите на третото место кое води во конференциската лига. На другиот натпревар голема победа за Спарта, која славеше на гости кај Арис со 1:3 за второ место на табелата со бод повеќе од Бетис.

Марсеј и Брајтон беа сигурни учесници во нокаут-фазата и пред ова коло, па прашање беше само кој ќе продолжи од првата позиција, а кој ќе биде трет.  На крајот, Брајтон заврши прв по минималните 1:0, додека Ајакс како домаќин го победи АЕК, доволно за Конференциската лига напролет.

ПретходноКЛ: Динамо (З) и Ристовски со победа заверија осминафинале
СледноЕден и единствен: Никола Јокиќ до уште еден историски рекорд! (ВИДЕО)