Ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе беше многу лошо расположен по натпреварот против Борусија Дортмунд, иако со нерешените 1:1 францускиот тим се пласираше во 1/8 финалето од Лигата на шампионите. Мбапе отиде кај навивачите на Париз и им се заблагодари за поддршката, но брзо ја минал микс зоната и веднаш се качил во клупскиот автобусот.
Француските медиуми открија дека незадоволството на напаѓачот било предизвикано од желбата на главниот тренер Луис Енрике во последните минути тимот да ја задржи топката и да не ризикува. Оваа одлука е откако Милан поведе на гостувањето кај Њукасл во другиот натпревар од групата и евентуален пораз би го исфрлил ПСЖ од нокаут фазата.
„Реакцијата на Мбапе? Нормално е играчите да бидат вознемирени бидејќи имавме 5 чисти шанси и не ги реализиравме. Фудбалерот може да биде лут затоа што сака да постигнуваме повеќе голови, но јас сум тој што треба да ги измери ризиците. Би било глупаво да примиш гол во 85 минута и да бидеш елиминиран. Пред тоа, воопшто не бевме загрижени за тоа што се случуваше на другиот натпревар. Но, по вториот гол на Милан, работите се сменија. Ги повикав играчите да се обидат да победат, но без непотребни ризици“, објасни Луис Енрике, кој потенциран дека го сакале првото место, но истовремено е среќен што се пласираа во нокаут фазата.
Luis Enrique: “Mbappé’s frustation? It’s normal for the players to be frustrated. We had 5 chances to score, 5 chances. We would be a bit stupid to concede a goal in the 85th minute. If a player is frustrated, it’s up to me to manage this risk-taking as a coach. I have to manage… pic.twitter.com/azgoav7k2r
— PSG Report (@PSG_Report) December 13, 2023