Меси, Халанд и Мбапе по наградата „The Best“ на ФИФА

80

 

Истите фудбалери кои се тркаа по наградата „Златна топка“ на Франс Фудбал се најдоа на списокот на кандидати за наградата „The Best“ што ја доделува ФИФА за најдобар фудбалер за 2023 година. Во потесниот избор се Ерлинг Халанд од Манчестер Сити, Килијан Мбапе од ПСЖ и Лионел Меси од Интер Мајами.

Од списокот отпаднаа бројни други имиња како Кевин де Брујне, Бернардо Силва, Хулиан Алварез, Родри, Виктор Осимен, Хвича Кварацхелија, Деклан Рајс, Илкај Гундоган и Марсело Брозовиќ.

Во женска конкуренција за истата награда номинирани се:

Аитана Бонмати (Шпанија), Линда Каиседо (Еквадор) и Џенифер Ермосо (Шпанија)

Земени се постигнувањата на фудбалерите/фудбалерките од 19 декември 2022 година до 20 август 2023 година.

Победникот ќе биде прогласен на церемонија на 15 јануари. Да потсетиме минатата година наградата отиде кај Лео Меси. Меси оваа година ја доби „Златната топка“ на Франс Фудбал.

ПретходноАлегри: Интер е фаворит за Скудетото
СледноПознато име на клупата на Фенербахче