Фудбалскиот клуб Наполи и Виктор Осимен постигнаа договор за продолжување на соработката, но деталите фрлаат сомнеж дека во позадина стои разделба.
Имено, според информациите кои ги откри Фабрицио Романо, Осимен ќе потпише нов договор до 2026 година со значително покачување.
Нигериецот ќе стане еден од најплатените во клупската историја, но прашање е колку месеци ќе зема толкава плата.
Наводно, планот е во договорот на располагање да има откупна клаузула од 120 милиони евра, која би била активирана во летото 2024 година.
Тоа значи дека Осимен би можел да се договори со секој клуб кој сака да ја плати таа цифра и Наполи не се прашува ништо.
Ако го погледнеме модерниот пазар, 120 милиони евра за ваков стрелец не се огромна сума на пари. Тим кој би можел да издвои толкава сума на пари е Челзи, кој се споменува како негова најреална дестинација, а во целата приказна посредува неговиот сонародник Џон Оби Микел, кој пред малку јавно повтори дека ќе го доведе Осимен на „Стемфорд Бриџ“ и дека ќе стане новиот Дидие. Дрогба.