Познато име на клупата на Фенербахче

583

Кошаркарскиот клуб Фенербахче го претстави новиот тренер. Тоа е добро познато име за клубот, литванскиот тренер Шарунас Јасикевичиус. Тој потпиша договор до 2026 година.
Литванецот како играч на „жолто-сините“ во сезоната 2010/11 ја освои турската Суперлига и Купот.

Тој доаѓа на местото на Димитрис Итудис кој беше разрешен поради слаби резултати.

Фенербахче е на четвртото место со скор од 8 победи и 3 порази и два бода помалку од лидерот Ефес. Во Евролигата е на 12-тото место со 6 победи и 7 порази.

ПретходноМеси, Халанд и Мбапе по наградата „The Best“ на ФИФА
СледноСтруга ТЛ, ем најдобра, ем најефикасна во првиот дел од шампионатот