Претседателот „тепач“ доживотно отстранет од фудбалот, казни има и за Анкарагучу

2182

Турската фудбалска федерација (ТФФ) вечерва ги објави казните по незапаметениот скандал кој се случи во турското елитно фудбалско натпреварување.

Клубот Анкарагучу е казнет со парична казна од 63.000 евра. Во исто време, клубот мора да одигра пет натпревари без публика. Казната е изречена и врз основа на немирите и инвазијата на навивачи на теренот кои се случија на стадионот.

За Фарук Коџа, претседателот на клубот кој со боксови го нападна судијата Мелер, управниот одбор на ТФФ одлучи дека тој ќе добие доживотна суспензија од фудбалот.

Фарук Коџа е уапсен од турската полиција заедно со уште двајца осомничени и ќе добие и кривична пријава, објави министерот за правда Јилмаз Тунч.

ПретходноАлегри цврсто гази на земја: Интер и натаму е фаворит за Скудетото
СледноКвадрадо мора на операција, Интер ќе мора да пазари во јануари