Работнички со „убиствена“ серија го реши ТФТ (ФОТО)

192

По поразот од Феникс на домашен терен и „пеглањето“ од страна на „Сити Парк Бојс“, Работнички влезе во серија од две победи. Откако славеше на гости кај Гостивар, најтрофејниот кошаркарски колектив дојде до нова убедлива победа, овој пат против ТФТ од 57-72.

За избраниците на Горан Самарџиев ова беше осма победа сезонава, има и четири порази, додека на другата страна тимот од Тафталиџе го запиша петтиот пораз, има седум победи.

Кошаркарите на Работнички овој дуел го решија со една убиствена серија од 20-0. ТФТ успеа да намали на четири поени во 25 минута, по што следеше будење на „црвено-црните“. Во девет минути, условно кажано гостите постигнаа 20 поени, не примија ниту еден за водство од 43-67. До крајот беше чиста рутина.

Ефремовски со 15 поени беше прв стрелец, Рикиќ имаше 14 поени, Трајс 12, додека македонскиот репрезентативец Стојан Ѓуроски запиша дабл-дабл од 11 поени и 10 скока. На другата страна Ташовски имаше 16 поени.

ПретходноИлиев: Чех ми е идол, Сараево е клуб со амбиции исти како и моите!
СледноЕкс-играчот на Јунајтед удри по својот некогашен тим: Срамота е за завршиш зад Копенхаген и Галатасарај