Сари: Ја сакам Барселона во осминафиналето

326

Лацио се пласира во осминафиналето на Лигата на шампионите откако заврши втор во група со Атлетико Мадрид, Селтик и Феенорд. Во последниот дуел од групата Лацио доживеа пораз од Атлетико со 2:0 на „Метрополитано“, а по мечот тренерот на римскиот клуб Маурицио Сари ја посака Барселона за противник во осминафиналето.

Сакам да играме со Барселона во осминафиналето на Лигата на шампионите. Тоа е единствениот ривал од сите со кој не сум се соочил како тренер. Би било прекрасно да го посетам Ноу Камп. Исто така ќе биде вистински предизвик да се спротиставиме на тим кој има, статистички, најголем посед на топката на натпреварите“, изјави Сари.

Точно е дека ментално не сме силни, но не значи дека мора да се откажеме. Минатата сезона бевме лоши во Европа, а посветени на Серија А, оваа година е обратно“, додаде тренерот.

ПретходноСержињо со дрес за Шкупи
СледноПретседателот на Салернитана: Многу играчи сакаат да си одат, сите ќе ги продадам