„Сити Парк Бојс“ со предупредување: Сите имате по четири лични (ФОТО)

814

Фановите на Работнички на денешниот дуел меѓу нивниот тим и ТФТ испратија порака до кошаркарите. Добро е познато дека „Сити Парк Бојс“ не се задоволни од она што го гледаат оваа сезона, по поразот од Феникс тие ги повикаа „црвено-белите“ и ги натераа да ги соблечат дресовите порачувајќи им дека не заслужуваат да ги носат истите.

Денеска во „Кале“ излегоа со транспарент на кои стоеше потсетување дека сите имаат по четири лични грешки.

Од Работнички оваа сезона се очекуваше многу повеќе, особено по оние најави и фалења од страна на раководството на клубот дека финансиската состојба е стабилна и дека проблемите веќе се минато.

ПретходноИсторија за англискиот фудбал: Ребека ќе биде прва судијка на меч во Премиер лигата!
СледноИлиев: Чех ми е идол, Сараево е клуб со амбиции исти како и моите!