Струмица самоуверено го совлада шампионот и го потврди првото место

125

Во вонредната програма натпревари од домашните одбојкарски првенства се одигра еден заостанат меч од 10. коло во Првата лига за мажи, како и два меча од последното есенско коло кај дамите.

Работнички 71&22 немаше поголеми проблеми да ја оствари и седмата сезонска победа, совладувајќи го „фенерџијта“ Македонија Џио со што успеа да се израмни по бројот на победи со екипата на Весна Пробиштип.

Кај дамите, својата доминација ја продолжија одбојкарките на Струмица, кои го совладаа шампионот Работнички на гостински терен со 3:1. Струмица дефинитивно немаше достоен ривал оваа есен и доминантно го потврди првото место. Новајлијата во елитата, Младост УДГ славеше над Вардар 2019 за петти успех во елитната конкуренција. Останатите два дуела од ова коло ќе се одиграат подоцна.

Прва лига (мажи), 10. коло

Македонија Џио – Работнички 71&22   0:3 (11:25, 7:25, 10:25)

ТАБЕЛА: 1. СТРУМИЦА (30); 2. Штип УДГ (24); 3. Лирија (23); 4. Весна Пробиштип (21); 5. Работнички 71&22 (21); 6. Шкендија (15); 7. Универзитет во Тетово (18); 8. ГОК Борец (12); 9. Сушево (7); 10. Јанта Волеј (6); 11. Вардар (3); 12. Македонија Џио (0).

Прва лига (жени), 13. коло

Работнички Скопје – Струмица   1:3 (19:25, 25:17, 22:5, 21:25)

Младост УГД – Вардар 2019       3:0 (25:9, 25:11, 25:4)

Наковски волеј – Вардар ЕМ               (понеделник, 20.00)

Фит фан волеј – Јанта волеј               (20 декември, 20.00)

ТАБЕЛА: 1. СТРУМИЦА (37); 2. Наковски В. (28); 4. Јанта Волеј (25); 4. Работнички (23); 5. Фит Фан Волеј (16); 6. Младост УДГ (14); 7. Вардар ЕМ (7); 8. Вардар 2019 (0).

ПретходноЦ. Звезда и Партизан запишаа нови победи во Евролигата
СледноАлегри цврсто гази на земја: Интер и натаму е фаворит за Скудетото