Ерик тен Хаг (53) наскоро би можел да го напушти Манчестер Јунајтед. Англичаните тврдат дека него треба да го наследи Греам Потер (48), кој веќе извесно време е слободен агент.
Тен Хаг пристигна во Манчестер Јунајтед летото 2022 година и досега во 86 натпревари има 53 победи, девет нерешени и 24 порази. Во вторникот беше елиминиран во Лигата на шампионите, а во Премиер-лигата, Јунајтед заостанува десет бода зад Ливерпул.
Најновите шпекулации велат дека Холанѓанецот од Нова година би можел да ја преземе Борусија Дортмунд, раководството на клубот не е задоволен од работата на Един Терзиќ. Советникот на Борус, Матијас Самер веќе има соработувано со Тен Хаг го донесе во Баерн пред десет години.
Тен Хаг го водеше вториот тим на Баерн две години, а потоа го презеде Утрехт. Самер го цени Тен Хаг, а веќе на големо се пишува:
„Луди гласини од Германија. Тен Хаг би можел да биде новиот тренер на Дортмунд. Ќе видиме што ќе се случи од Нова година“.