УЕФА жестоко ја казни Легија за вандализмот на навивачи во Бирмингем

202

Легија Варшава нема да се потпира на поддршката од своите симпатизери на следните пет гостувања на европските клупски натпревари, соопшти УЕФА. Причина за одлуката се проблемите што ги создадоа полските навивачи пред мечот на Легија во Англија против Астон Вила во групната фаза на Лига Европа минатиот месец.

На 30 ноември навивачите на варшавскиот клуб се судрија со полицијата пред стадионот „Вила Парк“ во Бирмингем и не им беше дозволено да влезат на трибините за време на натпреварот.

Раководството на Легија ќе плати казна од 100.000 евра поради однесување на навивачите, потврдија од Дисциплинската комисија на УЕФА.

Фановите на Легија фрлаа разни предмети кон полицијата, направи голема материјална штета надвор од стадионот, дури и запалија еден полицаец.

ПретходноГрчкиот ѕвер постигна 64 поени, па збесна: Сакал да влезе во соблекувалната на Индијана (ВИДЕО)
СледноЧави призна: Загрижен сум!