Чави призна: Загрижен сум!

551

Тренерот на Барселона, Чави Хернандез беше критичен по мечот против Антверпен во Лигата на шампионите. Каталонците загубија со 2-3 во Белгија, но тоа не беше фатално и завршија како први во својата група.

„Загрижен сум затоа што на тимот не му е удобно. Забележавме неколку лоши резултати и треба да се подобриме. Противникот создаде многу шанси и мораме да бидеме самокритични. И покрај се, ја постигнавме целта. Да, мораме да подобриме многу работи, но доброто е што одиме напред, и тоа како победници во групи“, изјави Чави.

Предводникот на каталонскиот гигант потенцира дека можеле да сторат многу повеќе на оваа средба, но исто така и дека немале среќа.

„Можевме да направиме повеќе на натпреварот. Не одигравме доволно добро. Чувството не е пријатно, а ни недостасуваше и среќа на крајот. Секогаш е тешко во Лигата на шампионите. Го победивме Порто, најсилниот противник во групата, на странски терен. Клубот имаше тешки неколку години, но ние се вративме во нокаут фазата на турнирот што беше и наша цел. Сега сакам повторно да почнеме да прикажуваме добар фудбал и мислам дека ќе го направиме тоа“, смета тренерот на Барса.

ПретходноУЕФА жестоко ја казни Легија за вандализмот на навивачи во Бирмингем
СледноМбапе се налути, Енрике му одговори!