Ѓоковиќ со демант за клубот: Лажни вести!

380

Неодамна се појави информација дека Новак Ѓоковиќ планира да купи тениски клуб во Марбеља и дека преговара со вдовицата на Маноло Сантана за преземање на клубот што го носи името на нејзиниот сопруг.

Ова му пречеше на српскиот тенисер, па брзо се огласи на социјалните мрежи: „Лажни вести“, напиша Ноле.

Ѓоковиќ моментално се наоѓа во Марбеља каде тој и неговиот тим се подготвуваат за стартот на новата сезона. Тој оваа година ја заврши како прв на АТП-листата.

Во оваа година на неговата сметка влегле дури 15.936.097 долари. На второ место е Шпанецот Карлос Алкараз, кој заработил 10.753.431 долари. Моментално Ѓоковиќ во кариерата има заработено вкупно 180.643.353 долари, а можно е веќе во следната сезона да се обиде да атакува на цифрата од 200 милиони долари.

ПретходноВо Дизелдроф ќе има „афтер парти“: Рекорд кој е вреден да се прослави!
СледноСержињо со дрес за Шкупи