Како одминуваат деновите во декември, првиот месец од секоја Нова Година е посветен на ракометот. Токму секој јануари се играат големите натпреварувања, а овој пат во центарот ќе биде Германија, земја домаќин на ЕП 2024 година.
Добро е познато дека Германците одлучија да го урнат рекордот по гледаност на еден ракометен натпревар. Па така првите мечеви во групата во која се наоѓа организаторот и секако македонската репрезентација ќе се одиграат на стадионот во Дизелдроф „Меркур Шпил Арена“.
На трибините ќе има над 50.000 фанови, а по одигрување на двата меча на 10. јануари меѓу Македонија – Франција и Германија – Швајцарија е предвидено да се одржи и забава. Германците сакаат да го прослават рекордот кој ќе биде испишен, па сите оние кои планираат да дојдат во Дизелдорф своето место може да го резервираат на следниот ЛИНК.