Екс-играчот на Јунајтед удри по својот некогашен тим: Срамота е за завршиш зад Копенхаген и Галатасарај

1102

Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Димитар Бербатов го изрази своето разочарување што неговиот некогашен тим е елиминиран од Лигата на шампионите. „Црвените ѓаволи“ завршија на последното место во групата со Баерн Минхен, Копенхаген и Галатасарај. Прими дури 15 голови на шест меча што е најмногу од еден англиски клуб во ЛШ.

Една екипа треба да биде подготвена за предизвикот во ЛШ, а не да заврши последен во групата. Ако сте последен, чувствувате срам, тага, разочарување и гнев кон вас и вашите соиграчи. Мислам дека Јунајтед не беше подготвен за овој предизвик, а ако немаш квалитет, тогаш нормално е и да губиш. Срамота е да се заврши зад Копенхаген и Галатасарај. Настапот против Баерн не беше добар“, изјави Бербатов.

Недостатокот на европски фудбал е лоша работа за Манчестер Јунајтед бидејќи на Олд Трафорд му требаат европски ноќи. Тимот не беше доволно добар и заслужи да испадне. Што можете да направите кога ќе се најдете во ваква позиција? Само кревате раце, се извинувате што не сте доволно добри и се враќате на теренот. Таков е фудбалот – има уште една сезона и уште едно место во Лигата на шампионите, нормално ако воопшто се квалификувате“, додаде Бугаринот.

ПретходноРаботнички со „убиствена“ серија го реши ТФТ (ФОТО)
СледноОдбојкарите домаќини на еден турнир од Европската Златна лига 2024