Илиев: Чех ми е идол, Сараево е клуб со амбиции исти како и моите!

142

Новиот голман на фудбалскиот клуб Сараево, нашиот Дејан Илиев, преку Инстаграм одговараше на прашањата на навивачите на клубот кои сакаа да дознаат некои работи за нивниот нов голман.

Како што истакна Илиев, тој го гледал Сараево додека тимот играл во Европа.

„Го гледав Сараево кога играа во Европа, се сеќавам дека таму имаше многу Македонци, навивав за нив и за Сараево. Ги следев и ги гледав натпреварите во Премиер лигата на БиХ и доста ми е познат, не знам кој не го гледа Сараево?“, изјави Илиев, кој потоа откри што му рекол Арсен Венгер, додека бил во Арсенал во Лондон.

„Се се случи многу брзо, бев во Македонија, а потоа за ден-два отидов во Лондон. Тренирав во Академијата, па ме префрлија во првиот тим. Тоа беше шок за мене затоа што тренирав со Арсен Венгер и големи ѕвезди, се сеќавам дека горев од желба да се докажам и да бидам уште подобар, бидејќи тешко е да се стигне до таму. Арсен секогаш бараше на секој тренинг да бидеме под концентрација на највисоко можно ниво, да внимаваме на деталите и да работиме со висок интензитет. Постојано велеше дека малите детали прават голема разлика. Се обидувам да го искористам тоа“, додаде нашиот репрезентативец.

Дени вели дека е позитивно изненаден од ситуацијата во Сараево и ќе даде се од себе за да освои трофеј со новиот клуб.

„Позитивно сум изненаден, разговарав со спортскиот директор и целиот стручен штаб, многу ми се допадна нивниот план и проект за клубот, а со тоа и да бидеме шампиони и да играме во Европа и да ги радуваме навивачите секој ден. Таму се пронајдов бидејќи имаме исти амбиции. Се надевам дека ќе помогнам на кој било начин да го направиме тимот што е можно подобар и заедно да оствариме што е можно повеќе победи. Колку повеќе титули и победи, толку подобро“, вели Илиев кој дополни дека во својата кариерамногу научил од легендарниот Петр Чех.

„Работев со добри голмани во Арсенал, тешко ми е да ги издвојам најдобрите. Од мал идол ми беше Петр Чех, го следев и анализирав, кога дојде во клубот се дружевме и разговаравме. Тој е интелигентен човек, сака да напредува и учи, отворен е за соработка. Ако треба да издвојам еден голман, тоа е тој“, додаде тој.

Претходно„Сити Парк Бојс“ со предупредување: Сите имате по четири лични (ФОТО)
СледноРаботнички со „убиствена“ серија го реши ТФТ (ФОТО)