Струга ТЛ, ем најдобра, ем најефикасна во првиот дел од шампионатот

171

 

Бранителот на шампионската титула Струга Трим Лум втора сезона по ред е есенски шампион на Македонија. Со 13 победи и 5 порази по првите 18 мечеви го држи првото место на табелата и покажува дека се работи за сериозна екипа од која се очекува да биде уште подобра во вториот дел кога ќе се кршат копјата за титулата.

Струга ТЛ исто така е лидер и по бројот на постигнати голови. Стружани имаат 33 голови што во просек е 1,8 гол по натпревар (осум повеќе од најблиските ривали во оваа категорија Шкендија и Силекс).
Тие 33 голови ги постигнаа 13 различни фудбалери што е уште една новина за разлика од Струга од минатата сезона. Од сите предничи напаѓачот Марјан Радески со 8 голови и 3 асистенции, додека Бесарт Ибраими е зад него со 6 гола и 7 асистенции. Изненадувачки добро напредува напаѓачот од Буркина Фасо Басиру Компаоре со 5 гола и 3 асистенции.

Следуваат Згуро со три гола, Јаровиќ и Мазрекај со по два гола, по еден имаат Хаидс Таири, Незири, Бојку, Фламур Таири, Укпа, Георгиевски и Камбери.

 

ПретходноПознато име на клупата на Фенербахче
СледноИзненадување во Вал Гардена: Бенет пред Килде и Одермат