По пет години натпреварување како Алфа Ромео, групацијата Заубер откри дека нивното ново име на тимот кој ќе се натпреварува во Формула 1 шампионатот е „Stake F1 Team Kick Sauber“. Потврдата на новото име наиде на потсмев кај Ф1 фановите.
Во ноември, беше откриено дека Алфа Ромео ќе го прекине партнерството со Заубер, со тоа што тие ќе преминат во Ауди од 2026 година. Овој потег остави многу прашања околу ребрендирањето на Заубер. Во декември, ФИА ја претстави листата за влез во Формула 1 за 2024 година, откривајќи го болидот на групата Заубер со неговото ново име: „Stake F1 Team Kick Sauber“. Ова ново име наведе многу фанови да го наречат убедливо „најлошото име на некој Ф1 тим во историјата“.
Unveiling the grid for the 2024 @f1 season, this is your Official 2024 FIA Formula 1 entry list! pic.twitter.com/T3zivYdv1w
— FIA (@fia) December 15, 2023