Поради бизарно правило: Еве зошто беше поништен голот на Рен во 90+11.минута за 3:3! (ВИДЕО)

1391

Бизарно правило кое ретко кој го знае, а веројатно и судијата Атила Кароглан. Имено синоќа на мечот Рен – Виљареал се играше 90+10.минута. Беш досуден слободен удар. Домашниот фудбалер Енцо Ле Фе шутираше, топката ја погоди стативата и се врати до него, неверојатно, овој пак шутираше, во продолжение од акцијата Лоренц Асињон постигна гол и дојде до еуфорија кај домашните ако се знае дека со тој гол резултатот беше 3:3.

Но потоа шок. Се јавија судиите од ВАР собата кои му сугерираа на судијата на теренот да го поништи голот.

Имено правилото вели играчот кој го изведува сободниот удар и ја погоди рамката на голот, а топката се врати до него без никој да не ја чепне, тој не смее да шутира.

Истото правило важи за изведување на пеналите.

ПретходноСуперкомпјутерот си кажа: Арсенал ја освојува Лигата на Шампионите! (ФОТО)
СледноВо пресрет на ЕУРО 2024: Србија си закажа пријателска со Русија?!