Фановите на Легија Варшава со спектакуларна кореографија ја “пецнаа“ УЕФА! (ФОТО+ВИДЕО)

261

Легија Варшава ќе игра во групната фаза во Лигата на Конференции откако синоќа на свој терен славеше против АЗ Алкмар со 2:0. Но тоа како да беше во втор план по се она што се случуваше на трибината каде беа најжестоките фанови на полскиот клуб.

Имено покрај спектакуларната “бакљада“ испратија порака до УЕФА, порака која го сврти вниманието на цела фудбалска Европа.

Познато е дека УЕФА ја казни Легија со 100.000 евра поради инцидентите на нејзините фанови на гостувањето кај Астон Вила, исто така им забранија на фановите на Легија нанаредните пет госустувања да го бодрат својот тим.

А овие вратија прво со транспарент на кој имаше како еден човек чита весник а на насловната пишува:

Време е да ја исфрлиме Легија од Европа“, за да потоа уште еден транспарент:

Кучињата лаат, а караванот си минува“.

Интересно.

 

Image

 

ПретходноЕден и единствен: Никола Јокиќ до уште еден историски рекорд! (ВИДЕО)
СледноСуперкомпјутерот си кажа: Арсенал ја освојува Лигата на Шампионите! (ФОТО)