Порталот „КалчоНаполи24“ пишува дека Арсенал сериозно влегува во трка за потписот на напаѓачот на италијанскиотшампион, Виктор Осимен. Клубот наводно веќе стапил во контакт со агентот на играчот.
Изданието тврди дека фудбалерот е блиску до продолжување на договорот со Наполи, но не ја исклучил опцијата да биде продаден, доколку клубот смета дека од него може добро да заработи.
Доколку Осимен потпише нов договор со Наполи, се очекува ослободителната клаузула да се искачи на 130 милиони евра. Ова значи дека тимот на Микел Артета ќе мора да го собори клупскиот трансфер рекорд за да го ангажира Нигериецот.