Жозе Мурињо повторно казнет

106

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо избегна суспензија но е казнет парично од страна на Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Италија. Наместо суспензија Португалецот е казнет со само 20.000 евра (22.000 долари) за етикетирање на судијата како нестабилен. Мурињо ги доведе во прашање способностите на судијата Матео Марченаро пред натпреварот помеѓу Рома и Сасуоло.

Три пати беше четврти судија на нашите натпревари и мислам дека нема емоционална стабилност за натпревари на ова ниво“, изјави португалскиот тренер на гигантите од Рим.

За време на истата прес-конференција, Мурињо го нападна напаѓачот на Сасуоло Доменико Берарди, велејќи дека играчот „претерува со фаули за да добие жолти картони“.

Жозе Мурињо подоцна изјави дека неговиот италијански јазик не е доволно добар за да објасни одредени концепти.

Рома е казнета со 20.000 евра, а парите од санкциите на клубот и Мурињо ќе одат за медицински истражувања.

Португалскиот стручњак доби суспензија на два натпревари на стартот на сезоната поради коментари за судија на крајот од минатата сезона. Тој исто така беше казнет од УЕФА на четири натпревари во јуни, откако го нападна судијата во финалето на Лига Европа во гаражата на стадионот по поразот на Рома од Севиља.

 

ПретходноЧави се налути: Пред некој месец ми велевте дека ќе бидам Алекс Фергусон во Барса, а сега…
СледноВан де Бек се договори со Ајнтрахт