Реал Мадрид заработи најмногу пари од сите учесници во групната фаза на Лигата на шампионите оваа сезона, пренесува „АС“. Според изворот заработката на „кралевите“ по шесте меча во групата изнесува 79,9 милиони евра од кои 15,6 милиони им следуваат само за учество во групната фаза.
Реал Мадрид победи на сите натпревари во групата, за секоја победа се добива по 2,8 милион евра, па вкупната сума е 16,8 милиони евра од победите. Уште 9,8 милион евра „кралевите“ инкасираа со пласманот во осминафиналето.
Уште 36,4 милион евра ќе добие клубот во форма на бонуси распределени според УЕФА коефициентот, кој се одредува по настапите на клубот во ЛШ во последните 10 години.
ТОП 10 КЛУБОВИ СПОРЕД ЗАРАБОТУВАЧКА ПО ГРУПНАТА ФАЗА НА ЛШ
1. Реал Мадрид 79,89 милион евра
2. Баерн Минхен 76,64 милиони евра
3.Манчестер Сити 76,48 милиони евра
4. Барселона 71,53 милиони евра
5. Атлетико Мадрид 71,11 милиони евра
6. ПСЖ 63,89 милиони евра
7.Порто 63,57 милиони евра
8.Борусија Дортмунд 63,52 милиони евра
9. Арсенал 63,36 милиони евра
10. Наполи 58,04 милиони евра