Македонија со убедлива победа на стартот на „Трофеј Карпати“

178

Јуниорската репрезентација на Македонија славеше победа над соодветната репрезентација на Саудиска Арабија во рамките на првото коло од Трофеј Карпати што денеска почна во романскиот град Баја Маре.

Денеска функционираше сѐ во редовите на тимот на Раде Стојановиќ, играта беше течна, динамична, а резултатот постојано беше контролиран од нашиот состав.

Конечната победа од 39-27 е реалниот одраз на силите меѓу овие два тима во моментов.  Најефикасен во македонскиот состав беше Белистојаноски со пет погодоци, по четири постигнаа Самоил Ристевски, Дејан Михајловиќ, Димитар Узунчев и Никола Ристески.

Македонија утре ќе игра против Словачка, а потоа на последниот ден против Романија.

Претходно„Кралевите“ заработија најмногу по групната фаза на ЛШ
СледноСупер-лигата следната сезона ќе брои 12 екипи, има промени во системот за натпреварување