Утринава претседателот на КК Партизан, Остоја Мијаиловиќ потврди дека “црно – белите“ за оваа сезона имаат буџет, односно ќе потрошат најмалку 20 милиони евра.Тој буџет за балкански услови секако дека е нешто фантастично, па и затоа Партизан со стратегот Жељко Обрадовиќ еве веќе втора сезона во Евролигата прави чуда.
Секако дека за таков тим, за таков тренер да имаш на клупата, за такви амбиции, потребни се многу пари, а во Партизан тоа го знаат па на секаков начин се обидуваат да дојдат до што поголем буџет. Според Мијаиловиќ овој буџет е најголем во историјата на клубот и е блиску до ТОП 8 клубови во Европа кои имаат најголеми буџети.
Од тие пари 8 милиони евра отишле на исплата на долговите, па така сега според Мијаиловиќ клубот нема никакви долгови и е еден од најстабилните во Европа.