Поради поплавена сала во Василево, вечерашниот дуел меѓу Македонија Џио и Штип УДГ во рамките на последното есенско коло од домашното одбојкарско прнество не се одигра. Иако беше најавен како воведен меч од тековната рунда, дуелот не е одигран иако двата тима уредно се појавија во салата.
По обилните врнежи од дожд, протекувањата во салата беа причина поради која нема елементарни услови за игра. Во договор меѓу двата клуба, нов термин за мечот е понеделник, но во салата во Штип.