Супер-лигата следната сезона ќе брои 12 екипи, има промени во системот за натпреварување

306

На последното Годишното собрание на РФМ беше даден рок во декември да биде формиран системот на натпреварување за сезоната 2024/25. Донесени се одлуки за промена на системот на натпреварување во машката Супер-лига.

За сезона 2024/2025 машката Супер лига ќе брои 12 екипи, односно учество ќе земат екипите учеснички Супер Лига од сезона 2023/2024 кои разигруваат во плеј-оф и прво и второрангираните кои ќе разигруваат во плеј-аутот од сезона 2023/2024.

Останатите две места ќе бидат дополнети на следниот начин: Шампионот на Првата лига ќе се пласира директно во Суперлигата. Последното место ќе го добие победникот од бараж натпреварот што ќе се игра меѓу третопласираниот тим од Плејаут и второпласираниот од Првата лига.

Суперлигата ќе ја напуштат екипите што во Плејаут ќе завршат од 4 до 8 место.

• Бодувањето по одигран натпревар се валоризира на следниов начин :
– Победа 2 бода ;
– Пораз 0 бодови ;
– Нерешено 1 бод ;

Натпреварите во првиот регуларен дел се одигруваат по еднокружен бод систем вкупно 22 кола .

По завршување на 22-ро коло од регуларниот дел се разигрува плеј-оф и плеј-аут односно екипите пласирани од прво до шесто место ќе ја формираат групата во битка за титулата, додека екипите со остварен пласман 7-мо до 12-то место ќе ја формираат групата плеј-аут од 6 екипи.

Во плеј-офот екипите се натреваруваат во еднокружен бод систем (домаќин – гостин 2 х 5 кола) вкупно 10 кола до добивање конечен пласман во највисок степен на натпреварување, дополнително ракометните екипи пренесуваат бодови од првиот регуларен дел од одиграните 22 кола  по принципот:
– 1-от пренесува 3 бода
– 2-от пренесува 2 бода
– 3-от пренесува 2 бод
– 4-от пренесува 1 бод
– 5-от пренесува 1 бод
– 6-от пренесува 0 бодови

Во плеј-аут групата разигрува по еднокружен бод систем (домаќин – гостин 2 х 5 кола) вкупно 10 кола за опстанок во Супер Лига, дополнително ракометните екипи пренесуваат бодови од првиот регуларен дел од одиграните 22 кола по принципот:

– 7-от пренесува 3 бода
– 8-от пренесува 2 бода
– 9-от пренесува 2 бод
– 10-от пренесува 1 бод
– 11-от пренесува 1 бод
– 12-от пренесува 0 бодови

По добивање на конечниот пласман во плеј-аут 7-мо до 10-то место остануваат во Супер Лига за сезона 2025/2026, 11-от игра бараж со вториот од Прва Лига за пласман во највисок степен на натпреварување за сезона 2025/2026, додека 12-от рангиран во плеј-аут преминува во Прва лига за сезона 2025/2026, а пак пласираниот од Прва Лига преминува во Супер Лига за сезона 2025/2026.

ПретходноМакедонија со убедлива победа на стартот на „Трофеј Карпати“
СледноЛенс Армстронг откри како со години ја лажел антидопинг комисијата