Тотален “ремонт“ во Минхен: Баерн ќе продава пет свои ѕвезди?!

1642

Баерн Минхен многу лесно ја мина групната фаза во ЛШ и се пласираше во 1/8 финалето, но најголемиот германски клуб и тоа каки со има пролеми во домашниот шампионат, посебно раководството на “баварците“ е гневно по оној дебакл од Ајнтрахт Франкфурт кога четата на стратегот Томас Тухел бепе поразена со 5:1.

Според пишувањето на “Билд“, челниците на Баерн Минхен има намера да направи “ремонт“ во тимот и за таа цел се подготвува да продадат најмалку пет свои ѕвезди.

На списокот се Џошуа Кимих, Алфонсо Дејвис, Леон Горецка, Матијас де Лихт и Серж Гнабри.

Со оглед на нивните квалитети јасно е дека нема да проблем за нив да се земат добри пари според пресметките на првите луѓе на Баерн Минхен и истите да се вложат во екстра квалитетни засилувања.

ПретходноУжасни сцени во Мостар: Хулигани претепале момче зошто носело дрес на Зрински! (ВИДЕО)
СледноНеверојатно: КК Партизан за оваа сезона има буџет од 20 милиони евра!