Секако дека во фудбалот и во спортот воопшто, најмеродавни се резултатите или успесите на крајот. Па така и во случајот со Струга ТЛ која на крајот ја обезбеди есенската круна во тековната сезона 2023/24. И кога е така, а така е, тогаш стратегот на шампионот Шпетим Дуро има свои заслуги и тоа какви, и кога е така, а така е, тогаш Дуро е и тренер на есенската полусезона според сите мерила па и според “СпортСпорт“.
Неговата екипа на 18 средби забележа 13 победи, ниту еднаш не одигра нерешено, а неговата екипа е и најефикасна со 33 постигнати голови и освоени 39 бода и заслужено се најде на првото место.
Дуро имаше жестока конкуренција во стратегот на Шкупи, Младен Жижовиќ кој покажа дека и тоа како си ја знае својата работа.