Легија Варшава ќе игра во групната фаза во Лигата на Конференции откако синоќа на свој терен славеше против АЗ Алкмар со 2:0. Но тоа како да беше во втор план по се она што се случуваше на трибината каде беа најжестоките фанови на полскиот клуб.
Имено покрај спектакуларната “бакљада“ испратија порака до УЕФА, порака која го сврти вниманието на цела фудбалска Европа.
Познато е дека УЕФА ја казни Легија со 100.000 евра поради инцидентите на нејзините фанови на гостувањето кај Астон Вила, исто така им забранија на фановите на Легија нанаредните пет госустувања да го бодрат својот тим.
А овие вратија прво со транспарент на кој имаше како еден човек чита весник а на насловната пишува:
“Време е да ја исфрлиме Легија од Европа“, за да потоа уште еден транспарент:
“Кучињата лаат, а караванот си минува“.
Интересно.
14.12.2023, Legia Warszawa🇵🇱 against AZ Alkmaar🇳🇱 https://t.co/Fjy3xrlEmQ pic.twitter.com/iOw0Z5v2ES
— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) December 14, 2023