Поранешниот македонски селектор, Јорданчо Давитков ќе го превземе „кормилото“ на Гостивар,потврдија од клубот. Тој доаѓа на местото на Никола Димитриевски.
Екс-предводникот на нашиот национален тим со неговото искуство треба да го разбуди Гостивар, кој оваа сезона дефинтивно игра под очекувањата. Клубот се наоѓа на осмото место на табелата во Првата лига со скор од четири победи и осум порази.
Давитков последен пат во домашното првенство водеше тим во 2007 до 2008 година како тренер на Струмица. Многу пати се поврзуваше со Работнички, по неговата разделба во 2007 година.