Јубилеј: На денешен ден пред 30 години Македонија го одигра својот прв натпревар!

313

На денешен ден пред 30 години, 15 декември 1993 година, нашата најдобра ракометна селекција го одигра својот прв натпревар во самостојна Македонија. Противник ни беше селекцијата на Романија во рамките на “Карпати Купот“ а резултатот беше 22:24 за домашната репрезентација.

Селектор беше Славе Атанасовски а тренер Ванчо Јовановски. Најефикасен на тој меч беше Стевче Алушовски со 5 голови.

На тој прв меч за Македонија настапија следните ракометари:

Стевче Стефановски, Стевче Алушoвски, Игор Котевски, Томче Петрески (Пелистер), Димитар Богдан, Орде Илиески, Миле Нешкоски (Т. Комбинат), Среќко Ѓоргиевски, Драган Маринковиќ, Игор Тасевски (Вардар Ватростална), Боро Чурлевски и Горан Шопов (Борец), Емил Стојановски (Металург Огномак), Зоран Петковски (Повардарие), Тони Николовски (ПТТ Македонија).

Инаку Македонија како придружен член на ИХФ беше примена на 20 април 1993 година и тоа на конгресот на Светската ракометна Федерација.

Интересно, 30 години подоцна, денеска нашата младинска селекција ќе одигра натпревар на “Трофејот Карпати“ и тоа против Саудиска Арабија.

ПретходноПознато е зошто Мбапе “збесна“ на својот тренер!
СледноУжасни сцени во Мостар: Хулигани претепале момче зошто носело дрес на Зрински! (ВИДЕО)