Џабе и ѕвезди и пари: Ал Итихад посрамен во четвртфиналето на СКП

676

Фаворизираниот саудиски шампион Ал Итихад доживеа тотален дебакл во второто четвртфинале на Светското клупско првенство, откако вечерва во Џеда беше поразен од египетски Ал Ахли со 3:1.

Во 21. минута, дефанзивецот на Ал-Ахли, Али Малул го отвори резултатот со гол од белата точка. Во финишот на првото полувреме, напаѓачот на Ал-Итихад, Карим Бензема не успеа да врати со иста мерка, откако не успеа да го реализира пеналот за Саудијците.

Во 59. минута играчот од средниот ред на Ал Ахли, Хусеин Ел Шахат го постигна вториот гол за египетскиот состав, а три минути подоцна Емам Ашур донесе убедливи 3:0 со што беше урнат сонот на тимот составен од неколку светски ѕвезди дека можат што подалеку во натпреварувањето.

Почесниот гол за Ал Итихад го постигна Бензема во продолжението. Во полуфиналето на Светското клупско првенство Ал Ахли ќе игра со бразилски Флуминенсе.

ПретходноПрвиот човек на МОК, Даниел Димевски „рипнал“ на записничка маса предизвикувајќи скандал
СледноКарагер: Овој Ливерпул не личи на шампион