Елмас e повреден, ќе го пропушти мечот со Каљари

138

 

Наполи потврди дека тројца негови фудбалери нема да бидат на располагање за престојниот меч со Каљари. Тоа се Марио Руи, Матијас Оливера и Елиф Елмас. Македонскиот репрезентативец се повредил на еден од последните тренинзи на екипата, станува збор за истегнување на мускул на ногата поради што тој е поштеден од тренинзи и ќе го прескокне дуелот со Каљари во Серија А.

Според проценките на Наполи, тој би требало да се врати за преостанатите натпревари на Наполи оваа година, против Фрозиноне во Купот и дуелите со Рома и Монца во Серија А.

ПретходноЛенс Армстронг откри како со години ја лажел антидопинг комисијата
СледноРК Алкалоид во посета на Алкалоид АД Скопје