Јуниорската репрезентација на Македонија славеше победа над соодветната репрезентација на Саудиска Арабија во рамките на првото коло од Трофеј Карпати што денеска почна во романскиот град Баја Маре.
Денеска функционираше сѐ во редовите на тимот на Раде Стојановиќ, играта беше течна, динамична, а резултатот постојано беше контролиран од нашиот состав.
Конечната победа од 39-27 е реалниот одраз на силите меѓу овие два тима во моментов. Најефикасен во македонскиот состав беше Белистојаноски со пет погодоци, по четири постигнаа Самоил Ристевски, Дејан Михајловиќ, Димитар Узунчев и Никола Ристески.
Македонија утре ќе игра против Словачка, а потоа на последниот ден против Романија.