Во Турција незгодно е да си кошаркар, фудбалски судија или одбојкарка. По скандалите со Мадар кој за малку ќе го загубеше окото на кошаркарското дерби меѓу Бешикташ и Фенербахче, се она што се случи со тепањето на судијата на мечот Анкарагучу и Ризеспор, еве нова вест за скандал во тусркиот спорт.
Имено на натпревар од женска одбојка, фановите на Имамоглу Беледија од Адана со шишиња гаѓаа одбојкарки на Ницер Хотел од Малатиа. Неколку и погодија кои беа и повредени. А дел од нив се обидоа да влезат на терен и физички да ги нападнат гостинките.
Ужасни сцени…
‼️ Bu rezil görüntüler, Voleybol Kadınlar 1. Lig’indeki İmamoğlu Bld. – Nicer Hotel Voleybol maçının sonuna ait.
Kameraya doğru sekerek gelen ve çığlıklar atan sporcunun adı Berfin Aslan. Sahaya gelen yabancı maddelerden birisi bacağını yardı ve 5 dikiş atıldı. pic.twitter.com/Gkit29AH19
— Koray Baloğlu (@koraybaloglu) December 13, 2023