Урава ќе биде противникот на Манчестер Сити во полуфиналето на СКП

116

Јапонскиот тим Урава Ред Дајмондс со минимални 1:0 славеше над мексикански Леон во четвртфиналето на Светското клупско првенство 2023 година. На стадионот „Принц Абдула Ал Фајсал“ во Џеда, Саудиска Арабија, Урава Ред Дајмондс славеше со голот на холандскиот напаѓач Алекс Шалк.

Урава Ред Дајмондс во полуфиналето на Светското клупско првенство ќе игра против англиски Манчестер Сити. Средбата ќе се одржи во вторник на 19 декември.

Во другото полуфинале бразилски Флуминенсе ќе игра со победникот од второто четвртфинале денеска меѓу Ал-Ахли (Египет) – Ал-Итихад (Саудиска Арабија).

ПретходноВан де Бек се договори со Ајнтрахт
СледноЈунајтед без најдобриот дефанзивец на Енфилд, но со Шо и Рашфорд