По поразите од Џирона во Ла Лига и од Антверпен во ЛШ, тренерот на Барселона Чави Ернандез беше запрашан за тоа дали смета дека е сигурен на позицијата тренер на каталонскиот тим. Тренерот на „каталонците“ збесна.
„Изненаден сум од вашето мислење, пред неколку месеци кога се одеше перфектно, а сега по една „кривина“ велите дека се се распаѓа. Пред неколку месеци ми рековте дека ќе бидам Алекс Фергусон во Барселона, а сега велите дека ќе ме сменат.
Искрено, многу сум смирен и полн со самодоверба. Верувам повеќе од кога било во проектот, имаме фантастичен сојуз, вчера разговарав со Деко. Работите се прават многу добро и мислам дека се на половина пат да се направи одлична Барса. Она што ме изненадува е тоа што на првиот свиок луѓето се симнуваат од бродот.
Можеби тоа е втората кривина и повеќе од кога било треба да верувате. Алармите секогаш се вклучуваат тука, но сега тоа не е во прашање. Минатата сезона покажавме дека можеме. Зошто да не биде така и оваа сезона“.