Вембањама и Сан Антонио со триумф против Леброн, Брансон со 50 поени против Феникс! (ВИДЕО)

108

 

Неколку интересни мечеви се одиграа утринава во НБА. Секако дека сите погледи беа насочени кон дуелот меѓу Сан Антонио и ЛА Лејкерс и поради “чудото“ Виктор Вембањама и Леброн Џејмс. Славеше младиот Французин и негивите “спарси“ со 129:115. Вембањама забалежа дабл-дабл со 13 поени и 15 скокови. Додека Леброн имаше 23 поени и 14 асистенции.

Одлчна партија кај победникот имаше Весел со 36 поени со шут за тројки од 5/10.

Интересно, ова беше прва победа на Сан Антонио по 18 порази во низа.

Џејлен Брансон од Њујорк ќе го памети мечот со Феникс. Одигра фантастично, постигна 50 поени. И тој првиот кошаркар после Мајкл Џордан кој постигнал 50 поени, 9 асистенции, 5 скока и 5 украдени топки на еден натпревар.

Image

Уште поинтересно. Некогаш најдобриот тим во НБА, тимот на Детроит никако не може да се пронајде себеси. Овојпат загуби од Филаделфија со 92:124, ова беше 22 пораз на “пистонси“ во низа.

Неверојатно.

На останатите средби постигнати се следните резултати:

Шарлот – Њу Орлеанс 107:112, Вашингтон – Индијана 137:123, Бостон – Орландо 128:111, Торонто – Атланта 104:125, Мемфис – Хјустон 96:103, Феникс – Њујорк 122:139.

ПретходноНајплатените играчи во ПЛ од 1992 до денеска: Почна со 10.000 фунти неделна плата, а сега Халанд зема 865.000!
СледноЕдна година без Синиша…