Ахна – АЕК Ларнака 0:3 е епилогот од “македонското дерби“ на Кипар. Славеше тимот на Иван Тричковски кој бепе стрелец и на вториот гол на својот тим во 90+1.минута.
Интересно е тоа што кај домашните бранеше екс – репрезентативецот на Македонија, Мартин Богатинов кој во 42.минута заработи црвен картон и мораше предвреме да го заврши натпреварот.
Кај поразениот тим настапија и Кире Ристевски и Стефан Спировски, но и не помогнаа Ахна да го избегне убедливиот пораз. Заработија само жолти картони.